Erdoğan Çağatay Zontur
29 Октомври 2019•Ажурирај: 30 Октомври 2019
БУРСА (АА) - Вкупно 43 лица се притворени денеска низ Турција поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Во северозападната област Бурса, вкупно 26 осомничени лица, вклучувајќи 12 сириски државјани, беа притворени од страна на антитерористичките единици во полицискиот оддел, вели извор, кој зборуваше под услов да остане анонимен.
Во централната област Коња, полицијата притвори 9 лица поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ДЕАШ, вели друг извор.
Уште тројца осомничени членови на терористичката организација беа притворени во Истанбул. Турската полиција заплени пушка, пиштол, куршуми и некои материјали на организацијата кои ги користела за време на операцијата во Истанбул.
Осомничените подготвувале терористички напад за време на церемонијата на Денот на Републиката во Истанбул, вели изворот.
Во друга операција во јужната област Мерсин се притворени 5 осомничени лица. Осомничените подготвувале терористички напад по убивањето на водачот на ДЕАШ, Абу Бакр ал Багдади.
Ал Багдади е неутрализиран во операција што американските сили во ноќта саботата кон неделата ја извршија на периферијата на сириски Идлиб.
Турција ја стави ДЕАШ на листата на терористички организации во 2013 година.
Оттогаш, ДЕАШ во Турција изведе повеќе напади, вклучувајќи 10 самоубиствени, 7 бомбашки и 4 вооружени напади.
Во овие напади загинаа 315 лица, меѓу кои 11 полициски службеници и двајца војници, а беа повредени 137 цивили, 62 полициски службеници и 7 војници.
Како одговор на овие напади, Турција започна антитерористички операции на својата територија и пошироко.
Во двете прекугранични воени операции во Сирија од 2016 година, „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“, Турција неутрализираше 3.500 терористи на ДЕАШ, а уапси 5.500.