Aylin Dal
22 Октомври 2020•Ажурирај: 22 Октомври 2020
АНКАРА
Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека се неутрализирани тројца терористи на ПКК/ЈПГ во подрачјето на турската операција „Извор на мирот“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата од Министерството се наведува дека во областа на „Извор на мирот“ командосите на Турските вооружени сили неутрализирале тројца терористи на ПКК/ЈПГ, кои се обиделе да се инфилтрираат во областа, со цел да ја нарушат атмосферата на мир и безбедност.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.