Esra Tekin
16 Март 2024•Ажурирај: 18 Март 2024
ИСТАНБУЛ (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа двајца терористи на ПКК во северен Ирак, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Анадолу.
Министерството додаде дека терористите се откриени во зоната на антитерористичката операција „Канџа-катанец“.
„Каде и да е, нашата борба против терористичката организација ПКК ќе продолжи додека не се неутрализира и последниот терорист“, соопшти Министерството на платформата Х.
Туркије ја започна операцијата „Канџа-катанец“ во април 2022 година за таргетирање на засолништата на терористичката организација во северните ирачки региони Метина, Зап и Авашин-Басјан во близина на турската граница.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.