Mohamad Misto
02 Мај 2018•Ажурирај: 03 Мај 2018
АЛ ХАСЕКА / АНКАРА (АА) - Терористите на ПЈГ/ПКК со поддршка на американските сили спроведуваат операција за заземање на енклавата која на сириско-ирачката граница ја држат под опсада веќе седум месеци, која е под контрола на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Соочени со големи загуби во северозападниот дел на Сирија, каде што турските сили ја спроведуваат антитерористичката операција „Маслинова гранка“, терористите на ЈПГ/ПКК привремено ги запреа операциите во Деир ез-Зор.
Во првата фаза од операцијата терористите на ЈПГ/ПКК, кои се претставуваат под името Сириски демократски сили во септември и октомври минатата година го окупираа северниот дел на градското јадро на Деир ез Зор.

Енклавата која е под контрола на терористите на ДЕАШ во источниот дел на Сирија, се простира кон север во Ал Хасека, во јужнот дел влегува во Деир ез-Зор, а на исток до сириско-ирачката граница. Тоа подрачје е под опсада на терористите на ЈПГ/ПКК, кои вчера повторно тргнаа во нови напади со цел преземање на контролата во подрачјето.
Станува збор за енклава која се простира на територија од речиси 2.000 квадратни километри. Покрај илјада терористи на ДЕАШ, во енклавата живеат и околу 200.000 цивили.
Цивилите од вчера немаат достава на хуманитарна помош бидејќи се наоѓаат во обрачот на судирите меѓу терористите на ДЕАШ и ЈПГ/ПКК.
Портпаролката на американскиот Стејт департмент, Хедер Нојерт, вчера изјави дека САД со локалните партнери од Сириските демократски сили (SDF) покренува операција на заземање и на последните сириски региони кои ги контролира ДЕАШ.
Во вчерашниот воздушен напад кој го извршија коалициските сили предводени од САД во селото Ел Фадил кај Ал Хасека, загинаа ајмалку 25 цивили.