Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
02 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
ИДЛИБ (АА) - Извршен е воздушен напад врз специјалистичката болница во подрачјето на Кефер Зита кое се наоѓа во сирискиот град, Хама, при што животот го загуби еден вработен во оваа болница, јавува Anadolu Agency (AA).
Хасан ел Аграч, одговорен за медиумите во специјалистичјата болница во Кефер Зита, за АА изјави дека во болницата се извршени три воздушни напади.
„Во нападот загина еден вработен во болницата, додека 5 лица се повредени“, инфомираше Аграч, додавајќи дека на овој начин единствената болница во северниот дел на Хама остана нефункционална.
„Рускиот воен авион кој полета од воздушната база Химејмим во подрачјето на Лазкија, изврши напад врз специјалистичката болница во подрачјето на Кефер Зита“, се вели во објавата на социјалните мрежи на центарот за набљудување на вионите при опозицијата.