Fatih Hafız Mehmet
11 Февруари 2019•Ажурирај: 12 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Турските сили неутрализираа најмалку двајца терористи во северен Ирак, соопштија денес турски безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
„Операцијата против тероризмот е спроведена во регионот на Хакурк“, изјавија изворите под услов да останат анонимни.
Во текот на операцијата, меѓу скриеното оружје и муниција имало и две пушки калашников, две рачни гранати и девет импровизирани експлозиви.
Операциите на турската Војска во овој регион генерално се насочени кон терористичката организација ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.