Sarp Özer
11 Февруари 2019•Ажурирај: 11 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу, денеска ќе допатува во Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, по покана на турскиот министер за национална одбрана, Хулуси Акар, рускиот министер Шојгу денеска ќе допатува во турскиот главен град, Анкара.
Шојгу ќе биде пречекан со воена церемонија во Министерството за одбрана на Турција, а потоа ќе се состане со неговиот турски колега, Акар.
Се очекува дека на средбата ќе се разговара околу настаните во Сирија пред трилатералниот самит што ќе се одржи во Сочи, како и за последната состојба и настаните на терен во регионот, пред сè во Идлиб.