Mümin Altaş
22 Јануари 2023•Ажурирај: 23 Јануари 2023
АНКАРА (АА) – Турските безбедносни сили неутрализираа шест терористи на ПКК/ЈПГ во северна Сирија во близина на границата, соопшти денес турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите беа цел во зоните на операцијата 'Штитот на Еуфрат' и 'Извор на мирот'“, се вели во соопштението на Министерството.
Терористите на ПКК/ЈПГ се кријат во северна Сирија, во близина на турската граница, каде што планираат и организираат напади и врз локалното население и врз околните населени места во Туркије.
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница, во северна Сирија, за да спречи формирање на терористички коридор и да овозможи мирно враќање на населението: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е означена како терористичка организација од САД, ЕУ и Туркије, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.