Jeyhun Aliyev
10 Август 2019•Ажурирај: 12 Август 2019
АНКАРА (АА) - Турски воени авиони неутрализираа шест терористи на ПКК во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Воздушните напади беа извршени во регионите Хафтанин и Гара во координација со тековната операција „Канџа“ на Турција“, објави турското Министерство на Твитер.
„На 27 мај Турција ја започна операцијата „Канџа“ против терористичката ПКК во регионот на Хакурк во северен Ирак. Од почетокот на антитерористичката операција неутрализирани се вкупно 80 терористи. На 13 јули Турција ја започна операцијата „Канџа 2“, како продолжение на успешно започнатата „Канџа 1“, која откри нови информации во врска со терористичките активности“, се вели од Министерството.
Терористите на ПКК го користат северен Ирак како своја база за планирање на прекуграничните терористички напади во Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца, новороденчиња и жени.