Ali Murat Alhas
24 Март 2019•Ажурирај: 25 Март 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека Турските вооружени сили во Сирија елиминирале најмалку 3.000 припадници на терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
„Како единствена војска која директно, гради в гради, се бореше против терористите на ДЕАШ, турската војска неутрализира најмалку 3.000 терористи и уништи најмалку 21.000 терористички позиции“, се наведува во соопштението.
Од Министерството понатаму соопштија дека турските сили со успешно изведената антитерористичка операција „Штитот на Еуфрат“ во август 2016 година овозможиле враќање на 320.000 сириски бегалци.