Barış Gündoğan
23 Март 2019•Ажурирај: 24 Март 2019
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека неговата земја, со оригинални дизајни и напредна технологија, во наредниот период ќе стане глобален актер во областа на одбранбената индустрија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган се обрати на собраните граѓани на митингот на Партијата на правдата и развојот (АК Партија) во Анкара. Митингот е одржан на хиподромот во Анкара, а според зборовите на Ердоган, кој ги пренесе податоците на полицијата во Анкара, на митингот денес биле присутни 450.000 граѓани.
Ердоган се осврна и на претстојните локални избори во Турција, кои ќе се одржат на 31 март.
„Нема да им дадеме можност на оние кои сакаат да го поделат нашиот народ, да ја поделат нашата татковина, да ја уништат нашата држава, да го згаснат нашиот езан (повик за молитва), ниту на оние кои сакаат да нѐ едуцираат преку терористички организации“, рече Едоган, додавајќи дека оние кои ги имаат спомнатите намери, својот одговор ќе го добијат на изборите на 31 март.
Говореше и за целите на Турција во областа на одбранбената индустрија.
„Турција, со оригинални дизајни и напредна технологија, во наредниот период ќе стане глобален актер во областа на одбранбената индустрија“, рече Ердоган.
Турската воздухопловна и одбранбена индустрија во 2018 година оствари пораст од 17 отсто, а во истата година забележан е рекорд од две милијарди долари извоз.