Sorwar Alam
30 Декември 2016•Ажурирај: 31 Декември 2016
ХАТАЈ (АА) – Денес, од кабинетот на турскиот премиер се потврдува дека во болниците во Турција се лекуваат над 300 повредени жители на Алепо, јавува Anadolu Agency (AA).
По евакуацијата од сирискиот град Алепо, вкупно 303 повредени цивили беа донесени во Турција за да им се укаже медицинска помош.
Сепак, 41 лице починаа и покрај напорите за спасување од страна на турските медицински лица.
Други 43 лица од евакуираните, по укажаната помош се отпуштени од болница.
Поголемиот број од повредените се лекуваат во болниците во јужната турска област Хатај, откако беа евакуирани од западниот дел на Алепо во Идлиб, друг сириски град кој е под контрола на опозицијата. Tретина од цивилите биле пренесени во други болници во различни области.
Вкупно 132 лица од повредените се малолетни.
Претходно овој месец, сириските опозициски сили и режимот, со посредство на Турција и Русија постигнаа договор за прекин на огнот, со цел да ги евакуираат цивилите од источен Алепо во безбедните подрачја во Идлиб кој е контролиран од опозицијата.
Оттогаш, според турските власти, 44.000 лица се евакуирани од областа.