Meltem Öztürk
30 Декември 2016•Ажурирај: 31 Декември 2016
АНКАРА (AA) – Уставната комисија на Големото народно собрание на Република Турција (ТБММ) го усвои предлог-законот за уставни промени во Турција, кој пред 20 дена беше испратен до претседателот на Парламентот, Исмаил Кахраман, јавува Anadolu Agency (AA).
Расправата за предлог-законот потпишан од 316 пратеници на владејачката Партија на правдата и развојот (АК Парти) траеше 10 дена.
Предлог-законот претходно содржеше 21 член, но е намален на 18 члена.
Една од најважните точки на овој закон е претседателот да ја води државата и нему да му бидат предадени извршните овластувања.
Исто така, лицето што ќе биде избрано за претседател нема да ја прекине врската со својата партија.
Претседателот на државата, исто така, ќе има овластувања за именување помошник министер и високи функционери во јавната управа.
Уставните измени опфаќаат измени според кои бројот на пратениците во турскиот Парламент од 550 ќе се зголеми на 600 пратенички места.
Минималната старосна граница за влез во турскиот Парламент ќе биде намалена од 25 на 18 години.