Süleyman Elçin
07 Февруари 2022•Ажурирај: 09 Февруари 2022
ИСПАРТА (АА)
- Сулејман ЕЛЧИН
Војниците што учествуваа во Планинската школа за командоси „Егирдир“ и на курсот за специјализација за командоси во Командата на Центарот за обука покажуваат големи успеси.
Планинската школа за командоси „Егирдир“ е домаќин на курсот за специјализација на командоси, што се прикажува како „една од најтешките воени обуки во светот“.
Командосите, еден од најважните елементи на Турските вооружени сили, со операциите што ги изведуваат во земјата и во странство претставуваат ноќна мора за терористите.
Турските командоси со сини беретки, кои преземаат активна улога во операциите против терористичките организации, се приспособуваат на суровиот терен и климатските услови, особено на зимските услови.
Командосите со тешките обуки се подготвуваат за неутрализирање на терористите со тактиката „Барај-најди-неутрализирај“.
Командосите посетуваат курс што бара сила, храброст и одлучност. На курсот може да се пријават офицери и подофицери на доброволна основа.
Командосите со својот успех што го покажуваат им даваат доверба на пријателите и страв на непријателите.
Командосите што учествуваат на обуките го започнуваат денот со утрински вежби и се обучуваат на борбена техники од блиску.
- Обуките за операции во населени места оставаат без здив
Како дел од курсот за специјализација, командосите поминуваат низ ригорозни обуки за операции во населени места. Командосите при операциите во населени места успешно влегуваат во куќите во кои се наоѓаат терористите и брзо ги уништуваат целите.
Командосите кои ненадејно и неочекувано се инфилтрираат во областите каде што се наоѓаат терористите, покажуваат дека достигнале капацитет да го уништат непријателот со ефективни рации.
Командосите, користејќи домашна опрема во рамките на операционата обука во населено место, спроведуваат контролирани двојни гаѓања, напредување кон целта и повлекување.
Се гледа дека при гаѓањето командосите успешно ги погодиле целите.
По обуката, командосите ги следат записите од вежбата придружувани од нивните команданти во оперативниот центар.
Командосите покажуваат и дека имаат способност до секој детаљ да ги исполнат наредбите дадени од командантот на тимот и да ги надминат тешкотиите на терен.
На крајот од обуката командосите ги достигнуваат способностите за операции во секакви тешки ситуации и услови.