Ali Kemal Akan
04 Октомври 2021•Ажурирај: 05 Октомври 2021
АНКАРА
Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека во северниот дел на Ирак, во зоната каде се реализира операцијата „Канџа-гром“, се неутрализирани 12 терористи на ПКК/КЏК, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Како што е соопштено од Министерството за национална одбрана на Турција, на терористите на ПКК во северниот дел на Ирак им е нанесен уште еден тежок удар.
„Во зоната каде се реализира операцијата „Канџа-гром“, во регионот Авашин-Басјан во северен Ирак, преземена е контролата врз таканаречената источна команда на ПКК/КЏК која терористите ја нарекоа 'неосвоива'. Нашите командоси, кои успеаја да влезат во пештерата каде што беа терористите, во конфликт со нив неутрализираа 12 вооружени припадници на терористичката организација ПКК/КЏК“, се вели во соопштението.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.