Турција

Турските војници им помагаат на постарите лица во сечење на огревно дрво

Голем број лица постари од 65 години и лицата кои се имаат хронична болест кои не можат да излегуваат надвор поради мерките преземени од страна на Министерството за внатрешни работи на Турција, помош бараат телефонски

Emre Ilıkan  | 28.03.2020 - Обновена : 30.03.2020
Турските војници им помагаат на постарите лица во сечење на огревно дрво

ВАН (АА) - Групата за социјална поддршка „Вефа“, чиј дел се и турските војници, им нудат помош на граѓаните во турската област Ван, кои не можат да излегуваат надвор поради мерките преземени против новиот вид коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).

Голем број лица постари од 65 години и лицата кои се имаат хронична болест кои не можат да излегуваат надвор поради мерките преземени од страна на Министерството за внатрешни работи на Турција, помош бараат телефонски.

Во овие рамки, во подрачјето на Едремит во Ван формирана е Групата за социјална поддршка „Вефа“ која им нуди секаква помош на постарите лица и лицата кои имаат хронични болести.

Черкез Тархан (73) кој живее во населбата Ќопрулер во ова подрачје, телефонски побара помош за исполнување на негови одредени потреби.

Турските војници се мобилизираа по овој повик и му ги дсотавија потребните производи кои ги побарал Тархан.

Потоа турските војници на Тархан му помагаа во сечење на огревно дрво во неговиот двор.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.