Турција, Коронавирус

Турција: Бројката на починати лица од Ковид-19 се искачи на 131

Според податоците, вкупниот број на пациенти кои се наоѓаат во интензивна нега изнесува 568, вкупната бројка на интубирани пациенти изнесува 394, додека вкупната бројка на излекувани лица изнесува 105

Ferdi Türkten  | 29.03.2020 - Обновена : 30.03.2020
Турција: Бројката на починати лица од Ковид-19 се искачи на 131

АНКАРА (АА) - Министерството за здравство на Турција соопшти дека во последните 24 часа биле откриени 1.815 нови случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во земјата, а починаа уште 23 лица, со што вкупната бројка на заразени изнесува 9.217, а на починати 131, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за здравство на оваа земја, Фахретин Коџа на својот официјален профил на социјалните мрежи ги објави ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на ова министерство.

Според табелата, вкупниот број на тестирања изнесува 65.446, вкупниот број на случаи изнесува 9.217, додека вкупниот број на починати изнесува 131.

Според податоците, вкупниот број на пациенти кои се наоѓаат во интензивна нега изнесува 568, вкупната бројка на интубирани пациенти изнесува 394, додека вкупната бројка на излекувани лица изнесува 105.

Денес се извршени 9.982 тестирања, откриени се 1.815 нови случаи, а починале уште 23 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın