Турција

Турските вооружени сили уништија терористички позиции во северен Ирак

Во рамки на операциите уништени се цели на сепаратистичката терористичка организација ПКК, кои биле користени како упоришта, засолништа, магацини за муниција и разни видови оружје

İlkay Güder  | 23.05.2019 - Обновена : 23.05.2019
Турските вооружени сили уништија терористички позиции во северен Ирак

АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК) извршија воздушна операција во северниот дел на Ирак, во чии рамки се уништени цели на терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција се наведува дека турските сили извршиле воздушна операција во подрачјето на Хакурк, кое се наоѓа во северниот дел на Ирак.

Во рамки на операциите уништени се цели на сепаратистичката терористичка организација ПКК, кои биле користени како упоришта, засолништа, магацини за муниција и разни видови оружје.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.