Ömer Olcay
06 Април 2021•Ажурирај: 07 Април 2021
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа девет терористи на ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија, соопшти турското Министерство за национална одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Терористите беа неутрализирани во ноќна операција, додека се обидуваа да се инфилтрираат во зоната на операцијата Штитот на Еуфрат“, се соопштува од Министерството на Твитер.
Од 2016 година Турција спроведе четири успешни прекугранични антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018), „Извор на мирот“ (2019) и „Пролетен штит“ (2020).
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои има и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.