Mustafa Hatipoğlu,Halil Demir
06 Април 2021•Ажурирај: 07 Април 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Безбедносните сили приведоа осум осомничени лица во Истанбул, поради поврзаност со терористичката организација ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Антитерористичките тимови извршија истовремени операции во пет подрачја во областа со цел приведување на осомничените.
Ова се случи откако истрагата на дигиталните материјали кои беа запленети од терористите неутрализирани на 3 октомври минатата година, откри информации за уште девет соработници.
За време на истовремените операции запленети се големи количини оружје, документи и дигитален материјал.
Додека продолжуваат процедурите за приведените осомничени во полицискиот оддел, во тек се акциите за приведување на еден од осомничените кој е во бегство.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на 40.000 луѓе, вклучувајќи жени и деца.