Aykut Karadağ
06 Јули 2022•Ажурирај: 06 Јули 2022
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Туркије (Турција) соопшти дека 20 терористи на ПКК/ЈПГ се неутрализирани во регионите „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството се нагласува: „Нашите херојски командоси реализираа уште една успешна операција во регионите „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“. Неутрализирани се 20 терористи на ПКК/ЈПГ кои се обидоа да нападнат со цел да го нарушат мирот и безбедноста.“
Од 2016 година, Анкара започна три успешни антитерористички операции преку својата граница во северна Сирија за да спречи формирање терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, САД, Велика Британија и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и жени, деца и доенчиња. ЈПГ е сириски огранок на терористичката ПКК.