Sena Güler
05 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа над 3.000 терористи на ПКК во текот на последните две години, соопшти турскиот министерот за внатрешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Неутрализиравме вкупно 3.333 терористи на ПКК во последните две години. Ние се проширивме низ целата област [каде што се кријат терористите]“, изјави Сулејман Сојлу на средбата со бизнисмените и претставниците на невладините организации во Истанбул.
Сојлу додаде дека во текот на истиот период уништени се околу 3.000 терористички засолништа.
Тој истакна дека 800 терористи на ПКК им се предале на безбедносните сили за две години, а 350 од нив биле убедени да се предадат.
„Жандармеријата и полициските сили лично се во контакт со над 1.000 семејства на припадници на ПКК", рече Сојлу, додавајќи дека тие ги повикуваат семејствата да ги одвратат своите деца од терористичката организација и да се предадат пред лицето на правдата.
ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, и која води терористичка кампања против Турција над 30 години, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.