Gözde Bayar
04 Март 2019•Ажурирај: 05 Март 2019
ЕРЗУРУМ (АА) - Турскиот министер за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, истакна дека телевизиската индустрија во Турција има буџет од околу 350 милиони долари.
Ерсој за Anadolu Agency (AA) изјави дека турските телевизиски серии постигнаа извонреден успех, втор веднаш по САД, во однос на обемот на извозот.
Турскиот министер нагласи дека преку овие серии и филмови, Турција има за цел да создаде конкретна слика за земјата онаму каде што тие се прикажуваат.
Министерот, исто така, истакна дека Министерството водело разни тековни проекти на полето на ликовната уметност, во организирањето оперски и балетски претстави, како и отворање нови музејски изложби.
„За жал, стапката на туристи што ги посетуваат музеите во Турција е половина од онаа во Европа“, рече Ерсој, нагласувајќи дека новите кампањи за промоција на музеите се планирани за месец април.
„Се надеваме на зголемување на посетите за 50 отсто оваа година“, рече тој, додавајќи дека турските филмски работници исто така учествувале на многу фестивали и слични настани во странство.
Ерсој истакна дека Министерството ја спроведува платформата „Filming Turkey“ со цел понатамошен пораст на публиката, како и бројноста на филмовите.
Тој посочи дека оваа платформа ќе биде од корист во смисла на промовирање на „филмскиот туризам“ за уште поголемо збогатување на туристичката понуда низ цела Турција.