Турција

Турскиот претседател му изрази сочувство на либискиот премиер за авионската несреќа со смртоносни последици

-За време на телефонскиот разговор со либискиот премиер, турскиот претседател Ердоган „изрази жалење и сочувство за загубата на животи во авионската несреќа во која загинаа началникот на Генералштабот на либиската Армија, генерал Мохамед Али ал-Хадад

Seda Sevencan  | 24.12.2025 - Обновена : 24.12.2025
Турскиот претседател му изрази сочувство на либискиот премиер за авионската несреќа со смртоносни последици

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес телефонски разговараше со либискиот премиер Абдул Хамид Дбеибах, изразувајќи сочувство за авионската несреќа во која загина началникот на либиската Армија во Турција, соопшти турскиот директор за комуникации, јавува Анадолу.

За време на телефонскиот разговор со либискиот премиер, турскиот претседател Ердоган „изрази жалење и сочувство за загубата на животи во авионската несреќа во која загинаа началникот на Генералштабот на либиската Армија, генерал Мохамед Али ал-Хадад, и лицата што го придружуваа“, изјави Бурханетин Дуран.

Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја претходно изјави дека остатоците од авионот од типот „Фалкон 50“, кој полетал од аеродромот „Есенбога“ во главниот град Анкара на пат кон Триполи, биле пронајдени од страна на жандармериските екипи околу 2 километри јужно од Кешикавак во округот Хајмана во Анкара.

„Црната кутија на авионот и снимачот на гласови во пилотската кабина беа пронајдени рано утринава“, рече Јерликаја.

„Процесот на испитување на овие уреди за да се утврди причината за несреќата е започнат“, додаде тој.

По смртните случаи, либиската Влада за национално единство прогласи тридневна национална жалост.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın