Jeyhun Aliyev
25 Октомври 2019•Ажурирај: 26 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес поднесе тужба против главниот уредник и известувачот на францускиот „Ле Поинт“ (Le Point) поради навредливата насловна страница на списанието, пренесува Anadolu Agency (AA).
Адвокатот на претседателот, Хусеин Ајдин, поднесе кривична пријава поради изданието на списанието од 24 октомври, во кое турскиот претседател Ердоган е опишан како „искоренител“ и беше обвинет за „етничко чистење“.
Портпаролот на турското Претседателство, Ибрахим Калин, вчера упати критики кон списанието велејќи: „Јасно е зошто тие [Французите] го напаѓаат нашиот претседател. Тие се во паника бидејќи нивната игра е расипана и нивниот пион во Сирија, ПКК, претрпе тежок удар.“
Тој потсети на француската историја на колонизација на голем дел од Северна Африка, на масакрирањето на илјадници и вклученоста во трговијата со робови.
„Вашите денови на колонијализмот се завршени“, рече Калин, и истакна дека Курдите не се и нема да бидат нивни застапници.
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.