Ali Murat Alhas
25 Октомври 2019•Ажурирај: 26 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, упати критики до турските сојузници поради разговорот со водачот на терористичката организација ЈПГ/ПКК, баран со црвена потерница, јавува Anadolu Agency (AA).
„Разговорот на нашите сојузници со терористот [водачот на терористичката ЈПГ/ПКК, Ферхат Абди Шахин, познат како Мазлум Кобани], за којшто има црвена потерница, е неприфатлив“, рече Чавушоглу.
Шахин е водач на терористите на ПКК, организација чиј сириски огранок е ЈПГ.
Фахретин Алтун, шефот на Одделот за комуникации при турското Претседателство, исто така упати критики кон американските политичари за тоа што водачот на ЈПГ/ПКК го гледаат како легитимна политичка фигура.
Денес, турскиот министер за правда, Абдулхамит Ѓул, истакна дека ќе се стапи во контакт со американските претставници во врска со екстрадицијата на терористот доколку стапне на американско тло.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.