Ömer Yıldız
25 Октомври 2019•Ажурирај: 25 Октомври 2019
АДАНА (АА) - Во операција против терористичката организација ДЕАШ во турската област Адана приведени се 9 осомничени лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со инструкција на Главното републичко обвинителство во Адана, тимовите на Дирекцијата за борба против тероризам започнаа операции против терористичката организација ДЕАШ.
Во рамки на овие операции, откриени биле локациите на 9 осомничени лица за кои се вели дека вршеле активности во оваа организација, извршиле набљудувачки работи и регрутирале нови припадници во оваа терористичка организација, како и воспоставувале контакти со нив.
Тимовите на Дирекцијата за борба против тероризам, со поддршка на специјални полицајци, реализираа операција во домовите на овие осомничени лица.
Во нивните домови беа пронајдени и запленети дигитални материјали.
Исто така, во рамки на операциите приведени се 9 лица, од кои едно со потекло од Сирија, кои потоа биле пренесени во станица.