Ekipa
25 Октомври 2019•Ажурирај: 26 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Зејнеп Ѓулен, внуката на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, е уапсена синоќа во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Истанбулската полиција при контрола во подрачјето на истанбулскиот кварт Бејкоз запрела возило во кое една од патничките на увид дала фалсификувани лични документи.
По приведувањето за лажни исправи, утврдено е дека станува збор за Зејнеп Ѓулен, ќерката на Салих Ѓулен, помладиот брат на водачот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен.
За Зејнеп Ѓулен беше распишана потерница за членување во вооружена терористичка организација.
Пучистите лојални на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ се обидоа да извршат државен удар во Турција на 15 јули 2016 година, при што загинаа 251 лице, додека над 2.000 беа ранети.
Обидот за државен удар беше спречен откако стотици илјади граѓани излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и другите делови на земјата и храбро, голораки, застанаа пред тенковите и оклопните возила со кои пучистите се обидоа да ја соборат демократски избраната власт во земјата.