Zafer Fatih Beyaz
02 Јули 2020•Ажурирај: 02 Јули 2020
ДОХА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган допатува во еднодневна официјална посета на Катар, што е негова прва посета во странство од избивањето на пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган на аеродромот во Доха го дочека катарскиот министер за одбрана, Халид бин Мухамед ал Атијах и други катарски и турски официјални претставници.
Катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани ќе го прими Ердоган во палатата, а двајцата лидери ќе разговараат за низа билатерални и регионални теми.
Во делегацијата која во посетата на Катар ја предводи Ердоган, се наоѓаат и турскиот министер за трезор и финансии, Берат Албајрак, министерот за одбрана, Хулуси Акар, шефот на Дирекцијата за комуникации, Фахретин Алтун, портпаролот на Кабинетот на турскиот претседател, Ибрахим Калин и шефот на Турската разузнавачка служба (MIT), Хакан Фидан.