Турција, наука и технологија

Системот за противвоздушна одбрана од турско производство, „Сунгур“, спремен за употреба

„Сунгур“, дизајниран од страна на компанијата „Рокетсан“ и неговите домашни партнери, може да се лансира од мобилна платформа со можност за ротирање од 360 степени...

Gökhan Ergöçün  | 02.07.2020 - Обновена : 03.07.2020
Системот за противвоздушна одбрана од турско производство, „Сунгур“, спремен за употреба

ИСТАНБУЛ (AA) - Турскиот ракетен систем за противвоздушна одбрана од домашно производство „Сунгур“, е подготвен да влезе во воениот инвентар по успешните тестирања, изјави денес челникот на турското Претседателство на одбранбени индустрии, Исмаил Демир, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Сунгур“, дизајниран од страна на компанијата „Рокетсан“ и неговите домашни партнери, може да се лансира од мобилна платформа со можност за ротирање од 360 степени, а исто така има и капацитет за дневно и ноќно откривање на целта, дијагностицирање, идентификација и нејзино следење, соопшти Демир преку Твитер.

Преносната ракета може да се интегрира во копнени, воздушни и морски платформи.

Со својата висока маневарска способност, голема точност, титаниумска глава и преглед на големи растојанија, „Сунгур“ е пред својата класа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.