Mehmet Tosun
10 Мај 2021•Ажурирај: 11 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Шефот на Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство, Фахретин Алтун, порача дека е дојдено времето да се каже стоп за израелските сурови напади врз Палестинците, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Го повикуваме исламскиот свет: време е да им кажеме стоп на подлите и сурови израелски напади. Го повикуваме целото човештво: време е за казнување на таа терористичка држава. Ова е наша историска и човечка одговорност“, истакна Алтун преку Твитер и додаде:
„Дури и да останеме сами, ќе се бориме против тој систем на тиранија. Под водство на нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Турција сè до денес силно се бореше против тој систем на тиранија. Ова е чесна и достоинствена борба. Оваа борба е борба за правата. Злосторниците нека завршат во пеколот“, порача Алтун.
Палестинците во Кудс (Ерусалим) веќе неколку дена протестираат поради израелските рации и судските одлуки за протерување на палестинските семејства од Шеик Џарах.
Ситуацијата ескалираше откако израелските сили во петокот со интервенција се обидоа да ги растераат верниците од комплексот на Ал-Акса.
Стотици Палестинци се повредени за време на нападот на израелските сили, а голем број земји и меѓународни организации најостро ги осудија израелските напади.