Турција

Турскиот Парламент ќе ja отвори 3-та законодавна година

Големото народно собрание на Турција ќе заседава со почеток во 15:00 часот по локално време, а со седницата ќе раководи претседателот на Парламентот, Мустафа Шентоп

Emin Avundukluoğlu  | 01.10.2019 - Обновена : 01.10.2019
Турскиот Парламент ќе ja отвори 3-та законодавна година

АНКАРА (АА) - Денес со говор на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, ќе започне 3-тата законодавна година од 27-от состав на турскиот Парламент, јавува Anadolu Agency (AA).

Големото народно собрание ќе заседава со почеток во 15:00 часот по локално време, а со седницата ќе раководи претседателот на Парламентот, Мустафа Шентоп.

Шентоп ќе биде домаќин на приемот во Парламентот по седницата во 19:00 часот.

На 3 и 4 октомври Генералното собрание ќе дискутира за меѓународните договори.

Во меѓувреме, Комисијата за правда на Парламентот се очекува во четврток да заседава за новиот пакет судски реформи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.