Ahmed Youssef Elsayed Abdelrehim
25 Април 2017•Ажурирај: 25 Април 2017
ДОХА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, во рамките на неговите средби во главниот град на Катар, Доха, се сретна со својот колега, шеикот Мухамед Абдулрахман Ал-Тани, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од дипломатски извори, на средбата којашто била затворена за медиумите, се разговарало околу односите меѓу двете земји, како и за последните случувања во регионот. Двајцата министри ги оцениле и последните случувања во Сирија, како и иднината на таа земја.
Исто така, Чавушоглу и Сани разговарале во врска со Комитетот за висока стратешка соработка Турција - Катар, кој во декември минатата година беше организиран по вторпат.
Чавушоглу се сретна и со заменикот на катарскиот емир, шеикот Абдулах бин Хамад Ал-Тани. На средбата што беше одржана во Палатата на емирот, се дискутирало околу билатералните односи и околу регионалните прашања.