Ali Kemal Akan
25 Април 2017•Ажурирај: 26 Април 2017
АНКАРА (АА) - Заменик-премиерот и портпарол на Владата на Република Турција, Нуман Куртулмуш, најостро ја осуди денешната одлука на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС на СЕ), за ставање на Турција во процес на мониторинг, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тоа е за жал, последица од расистичката, фашистичка, антитурска и антиисламска кампања што се разивва чекор по чекор. Станува збор за потполно политичка одлука којашто нема врска со реалноста“, изјави Куртулмуш.
Парламенарното собрание на Советот на Европа денес ја усвои одлуката за ставање на Турција во процес на зајакнат надзор. Во извештајот во врска со Турција, најмногу критики се упатени на процедурите по воведувањето на вонредната состојба во земјата, која е воведена откако терористичката организација ФЕТО се обиде да изврши државен удар во таа земја, на 15 јули минатата година.
Министерството за надворешни работи на Република Турција најостро ја осуди денешната одлука и порача дека тоа е неправедна и политички мотивирана одлука.
Министерот за Европска Унија и главен преговарач на Турција со ЕУ, Омер Челик, изјави дека тоа е историска грешка на Советот на Европа, но и на Парламентарното собрание на Советот на Европа.