Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
10 Март 2021•Ажурирај: 10 Март 2021
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, денес ќе го посети Катар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Дводневната официјална посета на Чавушоглу ја реализира по неговата кратка турнеја низ туркиските земји од Централна Азија, Туркменистан, Узбекистан и Киргистан, се соопштува од Министерството за надворешни работи.
„За време на посетата Чавушоглу ќе одржи разговори со официјалните претставници на Катар за моменталните регионални и меѓународни случувања, вклучувајќи ја ситуацијата во Сирија и фазата на нејзиниот политички процес“, се вели во соопштението.
Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.
Инаку, Турција згрижи 3,6 милиони сириски бегалци, најмногу од која било друга земја во светот.