Турција

Турскиот министер Елван: „Ќе ги активираме структурните реформи за подобрување на инвестициската клима"

„Ќе ги активираме програмите за економска и социјална трансформација кои ќе овозможат стабилност на цените, ќе ја заштитат финансиската дисциплина, ќе ја зголемуваат координацијата во монетарните и фискалните политики", истакна Елван

Merve Özlem Çakır  | 17.11.2020 - Обновена : 18.11.2020
Турскиот министер Елван: „Ќе ги активираме структурните реформи за подобрување на инвестициската клима"

АНКАРА 

Турскиот министер за трезор и финансии, Лутви Елван денес изјави дека Турција ќе воведе структурални реформи за да ја подобри инвестициската клима за домашните и странски инвеститори, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Премијата за ризик на Турција ќе се намали преку економските политики кои ќе бидат имплементирани на транспарентен, предвидлив и стабилен начин“, нагласи Елван за време на дискусијата за буџетот во Големото народно собрание (ТБММ).

Трендот на опоравување во потрошувачката, инвестициите и извозот ќе го поттикне растот и ќе помогне економски раст од 0,3 отсто во 2020 година.

„Ќе ги активираме програмите за економска и социјална трансформација кои ќе овозможат стабилност на цените, ќе ја заштитат финансиската дисциплина, ќе ја зголемуваат координацијата во монетарните и фискалните политики, ќе ја подобруваат инвестициската клима, ќе ги зголемат потенцијалите за создавање приходи фокусирани во производството и ќе ги отстранат негативните ефекти на пандемијата“, истакна Елван.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.