Başak Akbulut Yazar
17 Ноември 2020•Ажурирај: 17 Ноември 2020
ИСТАНБУЛ
Во рамки на операцијата реализирана во 19 области на Турција против структурирањето на терористичката организација ФЕТО во Турските вооружени сили (ТСК), фатени се 23 од 54 осомничени лица против кои е донесена одлука за приведување, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во рамки на истрагата спроведена од страна на Републичкото главно обвинителство во турската област Истанбул, започната е операција против 54 осомничени, од кои двајца се цивили, еден е во активна служба, еден е привремено суспендиран од работа, петмина биле отстранети од служба, тројца се пензионери, и 42 се студенти од затворените воени училишта.
Обвинителството донесе одлука за приведување на овие 54 лица за кои станува збор.
Со инструкции на ова Обвинителство, тимовите на градската Жандармериска команда во Истанбул започнаа истовремени операции во 19 области на Турција со цел фаќање на осомничените.
Во рамки на оваа операција, 18 осомничени се фатени во Истанбул, додека пет осомничени се фатени во други области, а еден од фатените бил заразен со Ковид-19, и затоа тој не бил приведен.
Откриено е дека 10 од осомничените се во странство, додека продолжува операцијата за фаќање на останатите 21 осомничен.