Sarp Özer
20 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
ШИРНАК (АА) – Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, и командантите на Турските вооружени сили (ТСК) ја посетија областа Црна Карпа, на нултата точка од границата, и на самото место извршија увид во одвивањето на операцијата „Канџа-тигар“, која има за цел уништување на позициите на терористите на ПКК во северен Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерот Акар, заедно со началникот на Генералштабот, генерал Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили, генерал Умит Дундар, командантот на воздухопловните сили, генерал Хасан Кучукакјуз, и командантот на морнарицата, адмирал Аднан Озбал, и 2-от командант на Армијата, генерал-полковник Синан Јајл, ги продолжија своите посети во пограничните области.
Хулуси Акар и командантите на Турските вооружени сили (ТСК) во оперативниот центар во пограничниот регион од каде што се спроведува операцијата „Канџа-тигар“ останаа до доцните ноќни часови. Операцијата има за цел уништување на позициите на терористите на северот на Ирак.

Одблиску следејќи ја најновата состојба на теренот, Акар рече дека Турските вооружени сили (ТСК) ќе ја продолжат својата борба сѐ додека не биде неутрализиран и последниот терорист.
„Покрај нашите други активности како што се „Канџа-1“, „Канџа-2 “, „Канџа-3 “... Сега започна и нашата операција „Канџа-тигар“. Сведоци сме на новиот успех на нашите војници. Се надеваме дека ќе го завршиме успешно“, нагласи Хулуси Акар.

Изјавувајќи дека Турските вооружени сили (ТСК) ги продолжуваат активностите во областите на „Извор на мирот“, „Маслинова гранка“, „Штитот на Еуфрат“ во северна Сирија, на Источниот Медитеран и во Либија, Акар рече: „Ние сме за мир и благосостојба во сите региони. Рековме многу пати, вклучително и нашиот претседател, дека ние го почитуваме територијалниот и политичкиот интегритет на сите соседи. Сакам уште еднаш да ве потсетам дека активностите што се прават треба да бидат во согласност со добрососедските односи, духот на сојузништвото, секој треба да ги исполни своите одговорности, не само од своја гледна точка, туку да се почитуваат и правата на другата страна.“
Посочувајќи дека операцијата „Канџа-тигар“ успешно продолжува како што беше планирано, Акар рече:
„Досега влеговме во пештерите на терористите, уништени се, ќе се уништуваат и понатаму. Од почетокот на операцијата околу 150 пештери се расчистени [од терористи]. Уништени се 160 рачно изработени експлозивни направи и мини поставени од страна на овие терористи. Запленето е големо количество на оружје и муниција. Досега нашите воздушни и копнени трупи погодија повеќе од 700 позиции на терористите.“