Sümeyye Dilara Dinçer
24 Октомври 2025•Ажурирај: 25 Октомври 2025
АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот заменик-министер за надворешни работи Нух Јилмаз е назначен за нов амбасадор на Турција во Дамаск, Сирија, според турски дипломатски извори, јавува Анадолу.
Министерот за надворешни работи Хакан Фидан одобри назначувања на амбасадори за неколку турски амбасади и постојани мисии.
Јапрак Балкан, генерален директор за билатерални односи (Латинска Америка), беше назначен за постојан претставник на Турција во ЕУ.
Фарук Кајмакџи, сегашен постојан претставник на Турција во Европската Унија (ЕУ), беше назначен за амбасадор во Луксембург.
Покрај тоа, Себнем Џенк, генерална директорка за билатерални односи (Централна и Западна Африка), беше назначена за постојан претставник на Турција во Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO).
Ајда Унлу, генерална директорка за промоција во странство и културни работи, беше именувана за амбасадор во Подгорица, Црна Гора, додека Билгин Озкан, заменик-генерален директор за Југоисточна Азија и Пацификот, беше назначен за амбасадор во Порт Морсби, Папуа Нова Гвинеја.