Турција

Турската одбранбена индустрија спроведе ново тестирање на балистичка ракета

„Тивка подготовка. Еден момент... И исцртан потпис на небото. Прекрасен ден, уште едно успешно тестирање“

Gökhan Ergöçün  | 25.10.2025 - Обновена : 25.10.2025
Турската одбранбена индустрија спроведе ново тестирање на балистичка ракета

ИСТАНБУЛ (АА) – Турската одбранбена индустрија вчера спроведе тестирање на балистичка ракета, пренесува Анадолу.

Челникот на Секретаријатот за одбранбени индустрии на Турција, Халук Ѓорѓун, информираше преку турската платформа за социјални медиуми NSosyal за тестирањето изведено од страна на „Рокетсан“, турски производител на ракети.

„Тивка подготовка. Еден момент... И исцртан потпис на небото. Прекрасен ден, уште едно успешно тестирање“, истакна Ѓорѓун додавајќи:

„Со решителни чекори, дострелот се проширува, а прецизноста на ударот се зголемува. Благодарение на 'Рокетсан' и на сите што придонесоа.“

Во февруари, Турција успешно го тестираше својот систем за балистички ракети со краток дострел „Тајфун“.

Во јули, Мурат Икинџи, челникот на „Рокетсан“, рече дека наскоро ќе започнат тест-лансирања за надградената верзија на „Тајфун“, Блок-4.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.