Merve Berker
25 Октомври 2025•Ажурирај: 26 Октомври 2025
АНКАРА (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека никаква политичка или безбедносна равенка, од Сирија до Газа и од Персискиот Залив до руско-украинскиот конфликт, не може да се формира без вклученост на Турција, јавува Анадолу.
Говорејќи на завршната сесија на „Состаноци на Столетието на Турција“ во Конгресниот центар „Истанбул“, Ердоган рече дека Турција станала „почитуван глас и во регионот и на глобално ниво, земја што извезува мир и стабилност“.
Тој нагласи дека визијата на Анкара е центрирана на обезбедување иднина каде што „ниту една генерација не е залудно потрошена, каде мајките не плачат и каде што мирот, безбедноста и просперитетот преовладуваат низ целите наши географски простори“.
Ердоган додаде дека нивна долгорочната цел е да се осигура единството и безбедноста на нацијата, а воедно да се придонесе за помирен регион.
„Со заедничка волја, прво ќе изградиме Турција без тероризам, а потоа регион без тероризам како наше трајно наследство за децата на нацијата“, рече тој.
Турскиот претседател, исто така, повтори дека земјата ќе продолжи да води политики засновани на стабилност, соработка и мир во своето соседство и пошироко.