İsa Toprak
07 Септември 2023•Ажурирај: 08 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Националната разузнавачка служба на Туркије (МИТ) неутрализира висока терористка на ПКК/ЈПГ во прекугранична операција во Сирија, соопштија денес безбедносни извори, јавува Анадолу.
Зулфије Бинбир, со кодно име Ројна, е неутрализирана кај нафтеното поле Румејлан во североисточниот дел на Хасека, соопштија изворите, кои сакаа да останат анонимни.
Бинбир била вмешана во насочувањето на парите за терористичката организација и се наоѓаше на зелената листа на барани терористи на турското Министерство за внатрешни работи.
Листата на барани лица на Туркије е поделена во пет категории, црвената како категорија на најбарани лица, а потоа следуваат сината, зелената, портокаловата и сивата категорија.
Бинбир ѝ се придружила на терористичката организација ПКК во 1993 година и учествувала во голем број напади врз турските безбедносни сили.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои деца и жени.