Ekipa
30 Април 2017•Ажурирај: 01 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската полиција приведе 22 осомничени лица кои планирале да предизвикаат немири за време на утрешните собири кои ќе се одржат во Истанбул и во Измир по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, јавува Anadolu Agency (AA).
Припадниците на полицискиот Оддел за борба против тероризмот во Истанбул приведоа 16 лица поврзани со терористичката организација ДХКП-Џ, кои планирале да предизвикаат немири во текот на утрешните собири во Истанбул.
Паралелно со тоа, и турската полиција во Измир изведе слична операција и од слобода лиши шест осомничени припадници на терористичката организација ДЕАШ.
Станува збор за шест државјани на Сирија кои планирале да предизвикаат немири за време на утрешниот собир кој е најавен во Измир, по повод Меѓународниот ден на трудот.
Во текот на претресите на адреси во Истанбул и во Измир запленет е доказен материјал кој осомничените ги поврзува со терористичките групи.