Göksel Yıldırım
29 Април 2017•Ажурирај: 30 Април 2017
АНКАРА (АА) - Според информациите добиени од Турското министерство за транспорт, поморство и комуникација, предупредена е Википедија да ги острани содржините кои ја покажуваат Турција дека е во иста насока и соработува со различни терористички групи, јавува Anadolu Agency (AA)
Надлежните истакнаа дека комуникациските канали со Википедија секогаш се отворени, но интернет-страницата упорно одбива да ги осранува ваквите содржини.
Во соопштението се наведува дека Википедија има содржини кои сакаат да ја покажат Турција дека е во иста насока и соработува со различни терористички групи. Исто така, се вели дека e спречен пристапот до Википедија, поради тоа што „наместо да се соработува против тероризмот, страницата станала како извор на информации кои постапуваат како дел на една средина која врши кампања со клевета против Турција на меѓународната сцена“.
Во случај да бидат исполнети барањата на Турција кои содржат и судски одлуки, ќе биде остранета пречката за пристап до интернет-страницата.
Надлежните интитуции на Турција во последниот период ги интензивираа контактите со различни компании на социјални мрежи и интернет-страници, и бараат да се преземат следниве чекори:
- Да се отвараат претставништва во Турција
- Да се постапува во согласност со меѓународното право
- Да се практикуваат судските одлуки
- Да не бидат дел од оцрнувањата и операциите кои се вршат против Турција