Seda Sevencan
03 Септември 2020•Ажурирај: 04 Септември 2020
АНКАРА
Турската полиција денеска приведе 18 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ПКК/КЏК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Тие беа фатени откако обвинителите во Анкара издадоа налози за приведување на 21 лице поради спроведување на терористичка пропаганда и кибернапади за терористичката организација ПКК/КЏК.
Осумнаесетмината осомничени се приведени по истовремени операции спроведени во 17 турски области. Потрагата по останатите осомничени е во тек.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата на терористички групи во Турција, Европската Унија и САД. Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.