Diyar Güldoğan
31 Октомври 2022•Ажурирај: 01 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Најмалку двајца терористи на ПКК се неутрализирани од страна на турските безбедносни сили во северен Ирак, соопшти денеска Министерството за национална одбрана на Туркије, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турското Министерство на социјалната мрежа Твитер објави дека операцијата против терористите била во регионот Хакурк.
Терористите на ПКК често се кријат во северен Ирак за да планираат терористички напади во Туркије од другата страна на границата.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на над 40.000 лица, меѓу кои има жени, деца и доенчиња.