Aida Cako
30 Август 2025•Ажурирај: 03 Септември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Јавањето коњи низ природата во подрачјето на турски Ерзурум станува сè попопуларна рекреативна активност за жителите што сакаат одмор од динамичното секојдневие и работните обврски, јавува Анадолу.
Во подрачјето постојат голем број коњички клубови што нудат сафари програми со јавање низ планински и шумски патеки за одреден надоместок.

Покрај тоа, некои љубители на јавањето, кои ја претвориле оваа активност во хоби, купуваат коњи и ги оставаат на фарми за згрижување, покривајќи ги нивните трошоци, а слободното време го минуваат во јавање.
Вработени од различни професии, меѓу кои полицајци, академици и приватни бизнисмени, го користат ова искуство за да ја надминат секојдневната напнатост и да уживаат во природата далеку од градскиот метеж.

Сафари-турите не само што овозможуваат рекреација туку и придонесуваат за развој на екотуризмот во регионот, промовирајќи здрав начин на живот и љубов кон животните.
Со пространите полиња, чистиот воздух и планинските предели Ерзурум станува омилена дестинација за љубителите на коњи и за оние што бараат рекреација.