Levent Harman
11 Април 2017•Ажурирај: 12 Април 2017
ЕРЗУРУМ (АА) - Министерот за здравство на Турција, Реџеп Акдаг соопшти денес во Ерзурум дека е утврдено дека во сирискиот град Идлиб бил користен гас сарин, јавува Anadolu Agency (AA).
Акдаг изјави дека во лабораторија е извршен детален преглед на примероците земени по нападот со хемиско оружје кој беше извшрен на 4 април во регионот Кан Шајкун, во близина на градот Идлиб.
Министерот Акдаг додаде дека испитувањата се извршени во турската лабораторија за детекција и утврдување на идентитет, кога се во прашање напади со хемиско оружје.
„Во примероците од крв и урина на убиените и повредените во нападот во Идлиб, Саит Хусеин, Есма ал-Хасан и Мухамед Ават како и Ахмед ал-Салих кој е на лекување во Хатај, пронајден е изопропил метил фосфонска киселина, метаболит на сарин”, изјави Акдаг во изјава за АА.
Тој нагласи дека претставува важно на меѓународен план што ова е потврдено врз основа на две лабораториски методи.
„Според стандардите и правилата на Меѓународната органзиација за забрана на хемиско оружје (OZHO) потврдивме дека е користен сарин.
Испитувањето на останатите лабораториски наоди, обдукцијата и другите испитувања се продолжуваат”, изјави Акдаг.
Министерот Акдаг на крајот ги повика меѓународните организации, особено ОН, да го прогласат Башар ал-Асад за воен злосторник, и повтори дека Асад треба да биде процесуиран.
„Како лекар, министер за здравство, сметам дека Светската здравствена органзиација (СЗО) треба да го подигне својот глас. СЗО не треба да биде органзиација која се сведува на постреакции и пружање на поддршка на жртвите, туку организација која по овие прашања ќе преземе многу посериозна и поактивна иницијатива”, нагласи Акдаг.