Muhammet Mutaf
05 Јануари 2017•Ажурирај: 06 Јануари 2017
ЕРЗУРУМ (АА) - Судот во турскиот град Ерзурум ги осуди на доживотна казна затвор двајцата поранешни турски команданти во процесот поврзан со обидот за пуч во оваа земја, кој на 15 јули минатата година го изврши терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Завршен е процесот против поранешниот бригаден полковник на Командата на жандармеријата во Ерзурум, Мурат Кочак, и поранешниот шеф за акција и јавна безбедност, мајорот Мурат Јилмаз.
Кочак и Јилмаз беа обвинети за „кршење на Уставот на Република Турција“, прогласени се за виновни и осудени се на доживотни казни затвор. Ова е воедно и прва пресуда во сослушувањето за обидот за пуч на терористичката организација ФЕТО.
Судскиот совет исто така соопшти дека Кочак и Јилмаз немаат право на поднесување жалба, односно да поднесат барања за намалување на изречената казна.
Фетула Ѓулен е водач на терористичката организација ФЕТО, со која беа поврзани паралелните структури во повеќе државни институции, и со злоупотреба на позицијата се обидоа да предизвикаат дестабилизација на земјата, а на 15 јули оваа година извршија неуспешен обид за воен удар во Турција.
Во врска со оваа организација, во Турција се водат низа судски процеси во кои се подигнати обвиненија за прислушување, злоупотреба на позицијата и овластувањето, обид за државен удар и други кривични дела.
Турските власти на 2 февруари побараа од САД да се укине „зелениот картон“ на Фетула Ѓулен. Нему на 28 јануари 2015 година, врз основа „давање лажен исказ“ му е поништен турскиот пасош. По јулскиот обид за воен удар, Турција од САД формално побара привремено апсење и испорака на Ѓулен.