Khalilur Rahman Salahshoor
05 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Деветгодишниот Абдул Самир Захери, пешачел илјадници километри и бил најден пред смрзнување во Ерзурум, и со помош на турската Црвена Месечина се сретнал со неговото семејство во Данска. „Ангелите на Турција го заштитија мојот син по неговиот влез на турска територија, тие го спасија мојот син и ми го подарија мене“, рече таткото Абдул Џемил Захери, јавува Anadolu Agency (AA).
Захери се сретна со неговиот деветгодишен син после 2 години, и во изјавата за АА се заблагодари на турскиот народ и на надлежните коишто средбата со својот син ја направија реалност. „Ангелите на Турција го спасија мојот син. Турскиот народ и надлежните на Турција, сите се ангели. Вие сте причината поради која јас повторно го сретнав мојот син. Многу сум му благодарен на Бога, и многу ви благодарам и на вас што ме направивте да го осетам ова чувство“, изјави Захери.
Захери раскажа дека тој и неговото семејство се пресереќни поради нивната средба со синот и дека оваа хумана помош од страна на Турција, којашто ја нема никаде на друго место, е пример за светот.
Захери рече дека луѓето коишто ја презеле одговорноста за нивното детето, и се грижеле за неговото образование и неговото лекување, се испратени од Бога да го заштитат Самир.
„Им се заблагодарувам на Хадисе Шива, којашто се грижела за мојот син за време на неговоиот престој во Турција, на гувернерот на Ерзурум, Сејфеттин Азизоглу, на директорот на Дирекцијата за миграција на Ерзурум Хашим Озџан, претседателот на Фондацијата за развој Ердал Ѓузел и на другите државни службеници, на турската Црвена полумесечина и на персоналот од Министерството за семејство и социјална политика. Ангелите на Турција го заштитија мојот син по неговиот влез на турска територија, тие го спасија мојот син и ми го подарија мене“, изјави тој.
Захери исто така пренесе дека деновите ги поминувале со помошта донирана од страна на данските надлежни лица само еднаш на 15 дена и дека тоа не било доволно.
„Моите деца продолжија со своето образование во училиште во кампот, заедно се децата на другите бегалци. Ќе го запишеме и Абдул Самир. Жената којашто се грижела за него во Турција често се јавува и прашува за Абдул Самир. Понекогаш плаче и кажува колку ѝ недостига. Турскиот народ стана херој на една долга приказна којашто започна во Мезар-и-Шериф, од северниот дел на Авганистан и заврши во Данска. Целиот свет се гордее за добрите и чисти чувства на турскиот народ. Мојата најголема желба беше да го видам син ми здрав и жив, и тоа се случи. Не знам со кои зборови да ги раскажам сите случувања коишто завршија со среќен крај. Господ да не го лиши човештвото и целиот свет од Турција и од турскиот народ“, истакна Захери од бегалскиот камп во северниот дел на Данска.
- Од Авганистан до Ерзурум -
Абдул Самир Захери пеш тргнал од Авганистан до Ерзурум со цел да се сретне со неговото семејство со коешто бил разделен околу две години. Рацете на вујкото на Самир биле смрзнати и добил гангрена. Тој потоа со страв дека може да загине, го оставил Самир во едно одморалиште во населбата Пасинлер во Ерзурум.
Граѓаните кои што го виделе Самир во одморалиштето ги викнале надлежните и Самир бил однесен на лекување. Неговиот вујко се вратил повторно во Ерзурум по потонувањето на нивниот чамец при обид да заминување во странство. Тој продолжил по неговиот пат со неговите деца откако дознал дека неговиот внук е згрижен. Копнежот на Самир кон неговото семејство заврши со интензвините иницијативи и заедничката соработка меѓу турската Црвена полумесечина и данскиот Црвен крст. Самир, минатата недела се сретна со неговото семејство во Данска.